На 19-ти ноември 2023 година, во 10:55 часот на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 42-годишен охриѓанец, кај кого биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
извор: МВР