сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 37. литри дожд на м2

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 37. литри дожд на м2, најмногу во државата.

Во текот на изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, наврнаа 37 литри на метар квадратен во Охрид, 30 во Лазарополе, 27 во Демир Капија, 25 во Кавадарци, 24 во Маврови Анови…, информираат од УХМР.

Во Охрид денес се очекува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снегц. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Утре ќе се задржи студено време со умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, информираат од УХМР.

извор: УХМР