АктуелноОхрид

Мицкоски: Зад застојот на Кичево – Охрид стојат лични интереси, очекував Ковачевски да побара одговори од Бочварски

Во интервју за „Република“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на застојот на автопатот Кичево – Охрид истакна дека зад застојот на Кичево – Охрид стојат лични интереси, а очекувал Ковачевски да побара одговори од Бочварски.

„Па видете, повторно тука гледам некакви лични интереси и обиди на Ковачевски и Груби да прават политички гимнастики и пресметки но мислам дека тоа нема да им успее овој пат. Ценам дека во отсуство на јасен проектен менаџмент и многу невистини се доведоа во една ваква ситуација каква што се доведоа очекував Ковачевски на ист начин како што му велеше на Бочварски „стани Бочварски да те види цела сала“ исто на таа конференција  што беше во Охрид каде што најави прекинување, да го стане и да му каже ајде сега кажи што ќе правиме“ нагласи Мицкоски.

Во однос на прашањето што во меѓувреме останавме без железници и единствениот воз што одеше кон Битола е запрен и дали сме единствената земја од регионот што нема железници Мицкоски истакна една од стратешките политики на идната влада ќе бидат инфраструктурните проекти и брзата пруга Север-Југ, со кои што возовите во Македонија ќе патуваат со просечна брзина од 120 километри на час.

„Една од стратешките политики на идната влада ќе бидат инфраструктурните проекти и брзата пруга Север-Југ, со кои што возовите во Македонија ќе патуваат со просечна брзина од 120 километри на час“ истакна Мицкоски.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ