Уште едно комплетно ново детско игралиште доби Охрид. Во населба Рача завршија активностите за изградба на комплетно ново детско игралиште.
Игралиштето е опремено со соодветни детски реквизити и поставена е специјална гумирана подлога.
Активностите за изградба се дел од програмата за изградба на урбана опрема на територијата на Општина Охрид, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.