АктуелноОхрид

Охриѓанец непристојно се однесувал во Ноќен клуб, а агресивен бил и со обезбедувањето

На 10.11.2023 година во 02.00 часот во ноќен клуб во Охрид, 30 годишен Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување кон присутните гости, а потоа, пред објектот, и со агресивно однесување кон вработените во обезбедување на клубот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид