Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во с.Требеништа – Општина Дебарца.При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен.
Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице.