АктуелноОхрид

Донев: Време е да се плати цената за неуспесите, а потоа следува одговорноста!

Деновиве сите сме сведоци на тоа колку е штетно нивното практикување на власта и како ја подразбираат истата.
Никој од судот на времето не избегал, кога си играш игри со времето часовникот конечно ќе чукне во 12.00 часот, напиша на својот профил претседателот на советот на Општина Охрид, Сашо Донев.

Донев во продолжение на објавата додава:

СДС во лажењето веќе заборавија што кажале и до каде се со ветувањата после цели 6 години.
Цела таа ,,политичка елита” на СДС на 19 ноември 2022 година му ракоплескаше на Благој Бочварски токму во Охрид, за да му дадат подршка за изградба на автопатот Охрид – Кичево.
Тој ден ветија дека автопатот ќе биде завршен до крајот на 2023 година.
Дека чукна 12.00 часот ги потсети еден локален медиум во Охрид кој најави поставување ,,автопатски бројчаник” за да ги разбуди од нивниот европски сон.
Дека веќе се работи за лица кои се надвор од реалноста покажа и нивната реакција која никој не ја очекуваше. Наместо да се скријат и да не го иритараат народот ја послушаа партиската наредба – напаѓајте ги локалните власти да се заборави за автопатот.
Ќе се прпелкате во прашината и калта уште малку, ќе ве фаќа нервоза како што ќе одминуваат деновите зошто на крајот ќе ви пресуди народот!
А народот нема да ви заборави за предавствата, за неработата, за жртвите на автопатот, за Костозглобна, за базенот, за блокирањето на катната гаража, за плоштадот…

извор: ФБ Сашо Донев