Навистина ми е драго што денес имав можност да присуствувам на промоцијата на книгата “Детска Градинка Јасна Ристеска” (краток историјат за периодот од 1950 до 1990) од авторот д-р Никола Митровиќ.
Книгата е во издание на Општина Охрид по повод Јубилејот: 60 години од основањето на оваа институција.
Во монографското дело на околу 40 страници се поместени низа архивски податоци, текстови, фотографии, документи и други информативни содржини посветени на воспитно-згрижувачката дејност во градинката во периодот од 1950 до 1990 година.
Искрено се надевам дека оваа книга ќе има свое продолжение и дека истото ќе го промовираме на некој нареден заначаен јубилеј за градинката, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков