Нова позадина за фотографирање е поставена во градскиот парк. Позадината е во облик на срце, а сите кои ќе се фотографираат пред неа во позадина ќе го имаат и стариот дел на Охрид. Позадината е поврзана и на електрична инсталација и тоа значи дека истата навечер ќе свети.
Инаку, добро знаеме дека вакви позадини стануваат атракција на секаде во светот во туристичките места, но генерално сите се во облик на кој е испишано името на градот. Нашата е многу по уникатна. Обликот на срце само е доказ дека сите охриѓани Охрид си го носиме во срцето. Има ли поуникатна порака од оваа.
извор: Охрид 1