Охрид

Молитва за сите упокоени

Спомни ги Господи, душите на починатите слуги Твои, новопретставени и сите неотпеани: во овој ден, во овој час, во овој миг од овој свет што си заминуваат во надежа на Воскресение, во оган, вода, по патишта, од мраз, од глад, без покајание и причест умрените и за православната вера животот што го положиле, сираци, сиромашни, кои немаат блиски да се молат за нив, старци, старици, подвижници, подвижнички, праотци, отци и мајки, браќа и сестри наши и сите, кои побарале да се молиме за нив, чии имиња ги знаеш ти Господи.
Спомни ги сите кои ги спомнуваме (имињата).
Упокој ги Господи душите на Твоите слуги: родители, браќа и сестри наши (имињата).
Упокој ги Господи моите духовни отци, наставници, учители и сите кои ми послужиле (имињата).
Упокој го Господи јерејот, кој ме крстил и миропомазал.
Упокој ги Господи душите на сите браќа мои, кои ми помогнале со збор, дело и љубов.
Упокој ги Господи сите, кои ѕвер ги изел, змија ги ранила, молња или оган ги усмртил, или земјата отварајќи се ги примила.
Упокој ги Господи сите, кои во воздух, пропасти и пустини, мориња и гори, мраз или земјотреси животот свој го завршиле, и чии имиња никому не му се познати.
Упокој ги Господи оние, кои на бојно поле, животот свој за верата и Татковината го положиле, и сите во пештери погребени, од глад починати.
Упокој ги Господи, оние кои на овој четириесетти ден пред Судот Твој се доведени, и оние кои во овој час од телото се разделуваат.
Мајко Божја, Застапничке на сите сираци и бедни, биди Мајка и на душите на овие упокоени чеда и доведи ги до престолот на Синот Твој.
Исусе, Боже Милостив, упокој ги душите на слугите Твои, чиј помен го правиме.
Амин.
(Од молитвеното правило на схиигумен Сава)