АктуелноОхрид

(ФОТО) Учениците од “Кочо Рацин”-Охрид ги трансформираа старите гуми во интересни и привлечни ликови

Во рамки на проектот Climate Action Project и како завршна активност по повод Climate Action Day во ООУ “Кочо Рацин” се реализираше проектната активност Трансформација на гуми: Креативни изрази.

“Нашите ученици го имаа возбудливиот предизвик и ги трансформираа старите гуми во интересни и привлечни ликови, но вметнаа и креации од пластични шишиња: пчела, буба мара, патка, лебед, па дури и омилениот мињон.

Учениците не само што ги оживуваа гумите, туку и учеа за важноста на рециклирањето и пренамена на материјали. Се засадија цвеќиња и нашиот двор доби нов весел изглед.

Со конкретни активности за постигнување трансформативни промени и справување со климатската криза”, велат од ООУ “Кочо Рацин”.