сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за Стружанец, во куќата во која престојувал полицијата пронашла ловечка пушка

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 35 годишен жител од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес, извршен по судска наредба во куќа во селото Лабуништа, каде што повремено прстојувал, полициските службеници пронашле и одзеле една ловечка пушка „Црвена застава“ калибар 12 милиметри, која нелегално ја поседувал.

извор: СВР Охрид