Градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески денеска во големата општинска сала остварија средба со учениците од деветто одделение при OОУ „Кочо Рацин“.
Во рамки на ученичката посета, која е дел од наставната програма по предметот Граѓанско образование, градоначалникот ги запозна младите гости со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот совет.
Учениците имаа можност да поставуваат прашања, на кои градоначалникот со задоволство одговараше.