петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Еден од уапсените во “Синџир” е сопственик на фирма која долги години работела со Општина Охрид и од таму извлекла 15 милиони денари

Во Акцијата “Синџир”, која како што соопштија од ОЈОГОКК е резултат на четиримесечна истрага, осомничени 26 физички и 28 правни лица од Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид и Скопје.

Осомничените се товарат за сторени кривични дела злосторничко здружување, даночно затајување и перење на пари и други приноси од казниво дело со кои го оштетиле Буџетот на Република Македонија за речиси ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА.

Обвинителството побарало определување на мерка притвор за 14 лица, од кои за едно лице е побарана мерка куќен притвор. За 12 осомничени се побарани други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Шест физички лица се недостапни за органите на прогонот, односно се во бегство.

Дополнително е побарано привремена забрана за отуѓување на движен имот на пет физички и седум правни лица.

Согласно Кривичниот законик за за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со казна затвор од една до десет години и со парична казна.

За кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. И за ова и за претходното кривично дело се предвидени дополнителни парични казни за правните лица.

За делото злосторничко здружување, е предвидена казна затвор до три години, во зависност од целта поради која е создадо злосторничкото здружување, односно за кое дело се товари. Санкцијата за ова кривично дело беше намалена од десет на максимални три години со последните измени на Кривичниот законик.

Приведениот од Охрид во акцијата “Синџир” на ОЈОГОКК неофицијално е роднина на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој неодамна беше ставен на црната листа на САД, дознава Инфомакс.

Според Инфомакс, приведениот е сопственик на фирма, која работи на ископи, превоз на патници, градежништво и на автопатот Кичево-Охрид.

Оваа фирма години наназад  најголем дел од тендерите ги имала добиено од Општина Охрид и јавните претпријатија од Охрид, и тоа кога со општината раководеле различни градоначалници.

Охридска полиција за оваа акција разбрала од медиумите.

извор: Инфомакс.