АктуелноОхрид

Сто години од камбанаријата и камбаната Св.Климент Охридски

Михајло Пупин (1858-1935), научник од светски глас , филантроп и донатор , добротвор на Охрид, меѓудругото пред 100 год ја подарил камбанаријата и најголемата камбана на Балканот . Камбаната тежела 3 тони и се леела во Љубљана. За изработката и превозот на камбаната Пупин платил 129.000 динари, а ја именувал како „Камбана за ослободување на Македонија“. На камбаната е изгравирана икона со ликот на Св. Климент Охридски. Претходно во дворот на црквата започнала изградбата на камбанаријата. Камбаната стигнала со чајничето на железничката станица, а до камбанаријата била влечена со 12 пара волови. Проблем била угорницата која требало да се совлада .
Нејсе, кога се сака се се може! Останале спомените…, пишува во својата објава охриѓанецот Владо Жура.
foto FB Владо Жура