АктуелноОхрид

Вработени во ЈП “Лопушник” фалсификувале службена исправа

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од Гостивар и управителот Ф.О.(40) од Гостивар, како и против З.К.(64) и С.С.(39), двајцата од Кичево, вработени во шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2022 година Ф.О. постапил спротивно на договорот за сеча и дотур на дрвни сортименти, склучен со ЈП „Национални шуми-ПСШ Лопушник“, и доставил фактури со кои за извршените услуги двојно фактурирал и наплатил. Пријавените З.К. и С.С., со пропуштање на должен надзор, не ги увиделе неправилностите и овозможиле фактурите да се процесуираат и да бидат исплатени. Со тоа, на ЈП „Национални шуми“ му била предизвикана материјална штета од 975.679 денари