АктуелноОхрид

Затворен маркет во Струга, два други заработија парични казни за непочитување на одлуката за намалени цени

Три маркети во струга заработија казни од пазарниот инспекторат. Едниот доби клуч на врата, а два други парични казни од по 3.200 евра. Утврдено било дека не ја почитувале одлуката на Владата за намалени цени на основните прехрамбени производи.

Трговците не ги намалиле за 10 отсто цените на пијалоците, овошјето и зеленчукот, а во повеќето случаи не биле јасно обележани производите со налепница за загарантирана цена.

Владата на 18 септември донесе одлука за воведување гарантирани цени на 25 основни прехранбени производи, која важи до 31 декември.

Од Владата најавија нов пакет антикризни мерки од следниот месец.

извор: Телма