АктуелноОхрид

Прилепчанец затекнат кај Подмоље како„вршел јавен превоз без поседување лиценца“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(24) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При вонреден инспекциски надзор извршен на 18.08.2023 година на магистрален пат кај селото Подмолје, општина Дебрца, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз на патници со патнички автомобил „опел виваро“ со прилепски регистарски ознаки. Притоа, констатирале дека тој ги прекршил одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај и превезувал патници во внатрешниот сообраќај без поседување лиценца издадена од надлежен државен орган.

 

извор: СВР Охрид