СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишно лице од штипското село Таринци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 20.10.2022, по објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој ширел говор на омраза.
извор: СВР Охрид