АктуелноОхрид

Пецаков: Во Подмоље извршивме реконструкција на постојното повеќенаменско игралиште

Во Подмоље извршивме реконструкција на постојното повеќенаменско игралиште. Вредноста на реконструкцијата изнесува околу 600 000 денари.
Дополнително во склоп на повеќенаменското игралиште изградивме и комплетно ново детско игралиште кое е опремено со соодветни детски реквизити.
Исто така изградивме и нов потпорен ѕид, игралиштето соодветно го обележавме, околниот простор партерно го уредивме, поставивме нови клупи, канти за отпадоци и клупи на трибините.

Извор: ФБ Кирил Пецаков