АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Стружанец пронашол рачна бомба од Првата Светска војна при расчистување на стара куќа во дворот

На 16-ти октомври 2023 година, во 11:00 часот во ОВР Струга, 70-годишно лице од Струга пријавило дека пронашло рачна бомба од Првата Светска Војна, при расчистување на стара падната куќа во неговиот двор.

Експлозивната направа била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка, информираат од МВР.