АктуелноОхрид

Превентивна активност на СВР Охрид на тема насилство преку социјални мрежи

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, денеска (16.10.) за учениците од шесто до деветто одделение од основното училиште ,,Наум Охридски“ во с. Пештани, охридско одржаа едукативно предавање на тема насилство преку социјални мрежи. Учениците беа запознаени со начините на препознавање на овие форми на социо – девијатно однесување, како и за превенирање од истите, пред се во комуникација и соработка со полиција, родителите и вработените во училиштата.

извор:МВР