Брат на високо позициониран полициски фунцкионер во ОВР Струга, кадар на СДСМ, пријавил во полиција дека лице од едно струшко село се обидело да го прегази со автомобил.
Полицијата го истражува инцидентот, а од полициски извори вклучени во истрагата дознаваме дека братот на високо позиционираниот полициски функционер претходно бил нападнат со нож, но тој случај тогаш не го пријавил во полиција.