Наш ИзборНаш изборОхрид

Одржани едукативни предавања на тема „Безбедност во сообраќајот“

Вчера (12.10.2023). полициски службеници од Oтсекот за превенција при СВР Охрид, во основните училишта во охридските села Пештани, Елшани и Коњско, одржаа едукативни предавања „Безбедност во сообраќајот“.
Притоа, низ интерактивен пристап со учениците од прво до петто одделение, се разговараше за сообраќајните знаци и сообраќајните правила и прописи, за потребата од придржување кон сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација при движење, за важноста од користење пешачки премини за преминување на коловозите како и за основните задачи на полицијата.
На децата им беа поделени соодветни едукативни флаери со корисни и практични сообраќајни совети.