АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОК ВМРО ДПНЕ: Тројцата советници од СДСМ Охрид и коалицијата си ја имаа мувата на капата за наследените долгови, па кукавички избегаа од соочување со вистината

Напуштањето на ДУРИ 3 (ТРОЈЦА) советници од СДСМ и нивната коалиција, на 34. седница на Советот на Општина Охрид, е доказ за нивната несериозност и срамното однесување кога станува збор за функционирањето на Општината.

СДСМ Охрид се главни виновници за проблемот со наследените долгови кои тие ги направиле и нивното напуштање беше свесна желба за блокирање на функционирањето на Локалната самоуправа.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, но и сите други советници кои присуствуваа на 34. седница покажаа свесност и голема разумност докажувајќи дека работат во интерес на граѓаните и на јавните претпријатија. Вистински потег затоа што непобитен факт е дека со ребалансот има зголемување на буџетот.

Предложените измени на буџетот се предизвикани поради проблемите со извршување средства по основ на судски извршни решенија, како и на високиот процент на остварување на буџетот односно високите приливи кои ги има секојдневно Општина Охрид.

Согласно тоа, Општината го исполнува условот за дополнителни 10 % планирани приходи поради високата реализација од над 75 % проценти заклучно со третиот квартал.

Итноста на седницата беше неопходна затоа што ако се одеше во редовна постапка постоеше опасност измените да бидат нефункционални затоа што сите средства ќе беа извршени за стари долгови и камати.

Целта е подмирување на обврските кон доверителите кои работат на активностите и помош за јавните претпријатија за нивно функционирање.

СДСМ Охрид ниту некогаш се грижеле за охриѓани, ниту пак во иднина ќе се грижат за Охрид.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид