На 11.10.2023 во 09.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар во патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, кое се движело по локален пат во охридската населба Лагадин. Повредени лица нема, а од извршениот увид констатирано е дека возилото било управувано од сопственикот 52 годишен жител од охридското село Елшани. Интервенирала територијалната противпожарна единица од Охрид.
Извор: СВР Охрид