АктуелноОхрид

Пецаков: Придобивките од Македонската револуционерна борба не обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата татковина како современа, демократска и правна држава

Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на Народното востание со кое нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава, се вели во честитката од градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение на истата градоначалникот додава:

Со 11 Октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Граѓаните на Македонија знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја.
Денес, после многу години не бледнее споменот на 11 Октомври, живо е сеќавањето на сите оние кои застанаа наспроти моќната фашистичка армада и го положија својот живот на олтарот на татковината. Слободата и мирот кои ни ги оставија нашите предци нема да дозволиме никогаш да ни бидат одземени и загрозени.

Придобивките од Македонската револуционерна борба не обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата татковина како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин ќе има еднакви можности да креира пристоен и примерен живот за себе и за своето семејство.

извор: ФБ Кирил Пецаков