Наш ИзборНаш изборРегион

Млада хрватка загина во автобуската несреќа во Венеција, нејиниот сопруг тешко повреден, биле на меден месец

Антонела Баковиќ (24) настрадала, а нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден во кобната сообраќајка несреќа која синоќа се случи кај Венеција, Италија, која автобус со туристи падна од надвозник и се запали.

Хрватските медиуми пишуваат дека Антонела и Марко се венчале пред дваесетина дена и ја избрале Венеција како дестинација за својот меден месец. Неофицијално, Антонела била во петтиот месец од бременоста.

Марко во моментот се наоѓа на интензивна нега во болница во Венето.

Во синоќешната сообраќајка загинаа 21 турист.