АктуелноОхрид

(ФОТО) Мицкоски имаше отворен и искрен разговор за сите теми со охридските пензионери

Денес во рамките на посетите “Важно е! Од тебе зависат промените” се сретнав со охридските пензионери. Отворен и искрен разговор за сите теми кои ги засегаат овие луѓе. Ниските пензии, тешкиот живот, уставните измени и бугарскиот диктат кој не го прифаќаме, за законот за амнестија. Им кажав дека сето ова ќе го промениме. Ќе воведеме нов модел за пензии, кои мора да бидат повисоки и достоинствени. Пензионерите заслужуваат огромно внимание и тоа ќе го добијат. Важно е да ги менуваме работите и тоа зависи од секој еден од вас. За секоја тема имаме решенија, и за секое прашање ќе имаме одговори и понуда, напиша на својот ФБ профил Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Извор: ФБ Христијан Мицкоски