Несекојдневен настан во селото БЕЛИЦА – Кичевско. Се направи изненадување на својата 90сет годишна мајка и баба Цена Момироска на која и се прослави роденден на кој беа поканети мал број на роднини, пријатели и наши соселани. На прославата која и ја организираше фамилијата и беше направено изненадување и прослава, а како гостин присуствуваше и Љубица Маркоска поранешенна Директорка, наставничка и учителка во поранешното училиште и творец на разни музички и игроорни групи во селото.
„Љубица ја удостои својата другарка Цена со нејзиното присуство а синовите од цена со најголема почит и респект заиграа заедно со неа како со најсакана учителка која ги научила како треба да се сака и негува орото Македонско и во срце им ја всади љубовта на песната и така со песна и оро на крајот од Роденденската прослава ја испратија до нејзината кола. Да ни се живи, здрави овие прекрасни највозрасни жителки во селото но и сите останати жители во селото и да ни се множат вакви весели настани во нашата мајка Македонија“, велат од МЗ Белица.
Веселбата беше збогатена со оркестарот Чардак од Охрид