Со огромна тага и душевна болка објавувам, дека вчера, на 14 септември 2023 година, во Господа се упокои уште една голема струшка ЛЕГЕНДА, фотографот ДУШКО ЃОРГОН. ДУШКО – моето “другарче“ од најраното детство, Душко мојот целоживотен најблизок другар, пријател, чувар на безброј прекрасни спомени……. ДУШКО човекот – Стружанец, пример за чесност, смиреност, бескрајна педантност, човек за препознатливост во целиот струшки ЕСНАФ, човекот со најблагото “ДОБАР ДЕН – КАКО СИ, МОЖАМ ЛИ ДА ТИ ПОМОГНАМ, човекот кој познавааше секого и секој го познаваше него – ЧОВЕК ГОЛЕМ СТРУЖАНЕЦ. ДУШКО – секако највредносниот хроничар со неброено многу фотодокументи за манифестацијата по која нашата Струга е препознатлива во целиот свет – “СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈА“, и многу, многу други вредни за паметење и историја НЕШТА, – денес засекогаш заминува ФИЗИЧКИ од неговата фамилија и најблиските но и од нас, сите негови Стружани. Си заминува и од безброј блиски познанства и пријатели со врвни уметници литерати од Македонија, поранешнатата Југославија но и од целиот свет. Заминува но знам, заминува но чувствувам низ тага и болка, дека ДУШКО И НЕГОВИТЕ ДЕЛА, остануваат во нас и со нас. ПОЧИВАЈ ВО МИР И ВО ЗАКРИЛА НА ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО НА БОГА – ДРУГАРЧЕ МОЕ – ДУШКО ЃОРГОН – Со огромна љубов и почит – Твоето “докторче – Климе Мато.
ФОТО ФБ Спомнете ја Струга барем на карта за временска прогноза