АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) „A New Day“, нов музички спот и нов сингл на Владимир Четкар

Новиот музички спот од новиот сингл на Владимир Четкар ‘A New Day’ се снимаше на повеќе локации во Охрид и е во режија на Бојан Симјаноски, соопшти Четкар.

‘A New Day ‘ или ‘Нов Ден’ е комплетно аввторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, диригент и изведувач (вокал и гитара).

Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото ‘Electrical Audio’ на познатиот Американски продуцент Стив Албини (познат по соработките со Нирвана, Лед Зепелин и т.н. ) и во ‘Hi Fi Studios’ во Милвоки.