АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Холанѓанец пронајден починат во Трпејца

На 13.09.2023 во 05.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајден починат е маж на возраст од (58) години од Холандија.

 

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие.