Наш ИзборНаш изборОхрид

Турците најбројни од сите туристи кои доаѓаат во Македонија

Во јули, во Македонија престојувале 197.273 туристи. А, веќе стана вообичаено меѓу нив да доминираат оние кои доаѓаат од Турција.

Летниот месец за посета на државата го искористиле 106.571 странец и 90.720 домашни туристи. Во вкупната структура нивниот сооднос е 54 спрема 46 проценти, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Заеднички, пак, реализирале 742.970 ноќевања. Нашите граѓани –  530.154 со учество од 71,4 отсто, а странците 212.816 или 28,6 проценти од ноќевањата во јули.,

За туристите најпривлечни биле езерските крајбрежја. Таму престојувале 118.405 лица, од кои домашни 76.439, а 41.966 странски гости. Оттаму, во тие места статистиката регистрирала 597.620 ноќевања, најмногу од македонските граѓани – 492.124. Останатите 105.496 се остварени од странци.

Јулските посетители не го одминале Скопје. Во главниот град дошле 44.725 лица (домашни 4.336 и странци 40.389). Тие што се задржале повеќе од еден ден ја сочинуваат бројката од 73.108 ноќевања, во која гостите од странство партиципираат со 65.646 ноќевања.

Притоа, најголем дел од туристите – 123.185 (домашни 24.046, странци 99.139) се определиле за хотелско сместување, каде што во јули се забележани 253.593 ноќевања. Повеќето или 114.197 од странските гости.

Неколку месеци по ред статистиката покажува дека меѓу туристите што доаѓаат во Македонија најбројни се Турците. Во јули станува збор за 35.087 гости и 47.263 ноќевања.

Исто така, и соседите од Србија се одржуваат на втората позиција. Во јули се регистрирани 11.124 Срби кои реализирале 21.821 ноќевање.

На крајот од статистичката табела се гостите од Луксембург – 33 со 229 ноќевања

Приливот на туристи е се поголем, покажуваат податоците од ДЗС. Од јануари до јули Македонија ја посетиле е 610.350 лица. Споредено со истиот период од претходната година, нивниот број е зголемен за 25,3 насто. Тоа се одразува и кај ноќевањата, кои за седум месеци го достигнале нивото од 1.565.310, што означува раст од 12,4 проценти.

 

 

pari.mk