Наш ИзборНаш изборОхрид

Утре богослужба во црквата Св. Симеон Стоплник во Куратица по повод празникот

На 13.09.2023, од 19.00 часот по повод одбележувањето на Св.Симеон Столпник, во истоимената црква во Куратица ќе се одржи богослужба.
Симеоновден или денот на Свети Симеон Столпник е голем православен празник, кој се одбележува на 1 септември според грегоријанскиот и на 14 септември според јулијанскиот календар.
На овој празник започнува Црковната Нова Година. Според верувањето и светците се раководеле по овој календар.
Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија и Светот имаат и многу заеднички елементи.