АктуелноОхрид

(ФОТО) Чадот од депонијата што гори во Струга се гледа од Св Наум

И ова лето подолг период годи депонијата во Струга.  Чадот се гледа од Св Наум. Стружани се револтирани што се уште нема никакво решение за депонијата која долг период претставува огромен проблем за животната средина, а сега со нејзиното горење се заканува голема еколошка катастрофа. Депонијата се наоѓа на стотина метри од влезот на градот.

Инаку за овој проблем поднесена е и граѓанската тужба. Истата ја поднесе Македонското здружение на млади правници (МЗМП) пред Основниот суд во Струга, поради долгогодишното загадување од струшката дива депонија. Тужбата е поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и јавното комунално претпријатие – Струга.

Вакви случаи речиси и да немало пред судовите во Македонија.

Локалната самоуправа е надлежна за отстранување на дивите депонии, велат од Министерството, посочувајќи дека и покрај тоа на барање на општините секоја година МЖСПП издвојува средства за чистење на диви депонии, пишува pravdiko.mk.

фото: Охрид 1