АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Честитка од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид по повод 8 Септември – Ден на независноста на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
8 Септември е силно врежан во нашиот национален код, а идеалите за слободна и независна Македонија остануваат вечни.
Борбата за Македонија никогаш не запира, особено не сега, кога ни се негираат идентитетот, јазикот и историјата, затоа како генерација имаме цел да го зачуваме македонскиот идентитет.
Македонија е нашата татковина и заедно со народот има да го постигнеме тоа.
Доаѓа времето кога треба да си ја вратиме државата назад.
Честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!
Вечна Македонија!