Наш ИзборНаш изборОхрид

Повредени две лица во сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Кичево

На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишен охриѓанец, излетало од патот.

Притоа, возачот и сопатникот 19-годишен охриѓанец се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.