АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Стартуваа градежните активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“

Стартуваа градежните активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“. Проектот опфаќа:
• Изградба на нова атмосферска канализација;
• Изведување на нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен);
• Спуштање на водовите на кабелските и другите оператори;
• Комплетна реконструкција и нов асфалт на коловозната лента.
Вредноста на проектот е 39 милиони денари. Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет, а изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, Струга.