АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Православна младина Парохија Вранишка, дел од детскиот православен собир во Цетиње, Црна Гора

На 02.09 2023 Сабота на покана од Организаторите на Дјечји Сабор Црногорско-приморска Митрополија СПЦ присуствуваа и членовите од Православна Младина Парохија Вранишка с. Враништа под духовно раководство на отец Ристе Наумоски.
Присуствуваме на 22от  Детски Православни Сабор во Цетиње Црна Гора на кој учествуваа 2000 деца од сите краеви на Црна Гора.Како специјални гости имавме и ние свој настап при што бевме бурно и со овации прифатени од тамошните присутни, вели во изјавата за Охрид1, Отец Наумоски.
Посебно за истакнување е тоа што на Светата читургија која се одржа во Манастирот Св. Петар Цетински во Цетиње, со која чиноначалствуваше  митрополитот Црногорко-Приморски г.Амфилохије сослужуваше и Отец Ристе Наумоски од  Света Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија.
На целокупниот настан и учеството кое го имаа децата од Православна Младина Парохија Враништа, беа ословувани со полно име Македонска Православна црква Охридска Архиепископија.