Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Парулеска доби признание од Агенцијата за млади и спорт за постигнатиот успех во Астана

Парулеска е најдобрата континентална кадетка, со освоен златен медал на Европското првенство одржано годинава во Италија.
Парулеска на светското првенство, на кое земаа учество повеќе од 1000 натпреварувачи од 83 земји, го освои бронзениот медал во борби во јуниорска конкуренција во спаринг -борби, јуниорки 14-15 години.
Таа оствари победи над претставничките од Русија и Канада, додека во 1/2 финале против Грција, иако водеше 4-1, мораше да ја предаде поради повредата од 1/4 финале, а со тоа и избега златото.
Агенцијата за млади и спорт стои секогаш зад успесите на македонските спортисти.
Македонската репрезентација на СП настапи со тројца натпреварувачи во две дисциплини: форми (борби со замислен противник) и спаринг борби.
Давид Крстески го освои 5-то место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан, победувајќи ги претставниците од Хондурас и Бугарија.
Елена Јанеска заврши петта во спаринг-борби јуниорки 16-17 години, победувајќи ја претставничката од Узбекистан , додека во 1/4 финале беше оштетена од страна на судиите, во корист на претставничката од Русија, која беше прва во нивната категорија.