Наш ИзборНаш изборОхрид

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца домаќин на 29те спортски пензионерски натпревари од 4от регион

Утре 11 јуни, ЗП Охрид и Дебрца ќе бидат домаќини на 29те спортски пензионерски натпревари од 4от регион. Спортските натпревари се во организација на СЗПМ а ќе се одржан на спортските терени  Билјанини Извори.

Спортистите пензионери ќе се натпребаруваат во повеќе дисциплини како шах, табла, скок од место, тегнење јаже, пенали на мали голови, слободни фрлања на кош, пикадо, домино, фрлање ѓуле и сл. Во овие спортски натпревари ќе учествуваат пензионери од 4от регион во кој влегуваат ЗП Струга, ЗП Вевчани, ЗП Лабуништа, ЗП Дебар и Центар Жупа, ЗП Кичево, ЗП Македонски Брод како и домаќинот ЗП Охрид и Дебрца.

На настанот предвидени се обраќања од страна на претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Васил Маркоски, од градоначалникот Кирил Пецаков а игрите за отворени ќе ги прогласи секретарката на СЗПМ Менка Темелковска.