Поради приклучување на новата водоводна линија од гимназијата „Св. Климент Охридски“ во градската водоводна мрежа, во прекин е водоснабдувањето на корисниците од централното подрачје и Стариот дел на градот.
Водоснабдувањето што ќе трае неколку часа ќе биде во прекин за потрошувачите од улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Славеј Планина“, дел од булевар „Туристичка“ (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа Макпетрол), дел од „Јане Сандански“ (на потегот од гимназијата до кејот), „Кеј Македонија“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Климентска“, „Св.Климент Охридски“, „Аргир Маринчев“, „11-ти Октомври“, „Боро Шаин“, „Бранко Шотра“, „Димче Маленко“ и дел од „Илинденска“.