На 28.08.2023 во 04.30 часот било пријавено дека на регионален пат Р1301 Охрид-Свети Наум во населба Свети Стефан, патничко моторно возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (19)години од Охрид, излегло надвор од коловозот.
По несреќата возачот едното лице и неговиот сопатник на возраст од (18) годин од Охрид биле пренесени во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.