Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Заврши второто издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“

Со натпреварите за пласман заврши второто издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што во организација на ГРК Охрид и Општина Охрид се одржа од 23 до 26 август во салата „Билјанини извори“. Трофејот го освои битолски Еурофарм Пелистер.
Конечен пласман на турнирот:
1. Еурофарм Пелистер
2. Олимпијакос
3. Татран Прешов
4.ГРК Охрид
5.Металопластика Шабац
6.Бешикташ
7.Голден Арт
8. Бутел Скопје
Организаторите изразуваат благодарност до учесниците и сите што помогнаа за успешното издание на турнирот и го најавуваат третото издание во 2024 година.
Најдобар стрелец на второто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид е левото крило на ГРК Охрид Гоце Ојлески, за најдобар голман прогласен е голманот на Олимпијакос, Константинос Котанидис, додека наградата за најкорисен играч на турнирот ја освои репрезентативното крило на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески.