АктуелноОхрид

На граничниот премин Свети Наум во Охрид, царински службеници спречија нелегален внес на семенски материјал

На граничниот премин Свети Наум во Охрид, царински службеници спречија нелегален внес на семенски материјал во нашата држава во вкупна вредност од 611.925 денари, откриени во патничко возило со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин.

Спречено е и нелегално внесување на огнено оружје, откако царински службеници на граничниот премин Меџитлија на влез во државава при контрола на возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин открија ловечка пушка која истиот не ја пријави и за која немаше соодветна дозвола за внес во државава.