АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Се е подготвено за 36. издание на Охридскиот пливачки маратон

Вкупно 15 пливачи од 6 држави ќе земат учество на 36. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Стартот е закажан за 10 часот во Св. Наум, а ќе се плива по 25 километарската патека „Климе Савин“, додека целта е на Кеј Македонија.
Голема е честа и задоволството како градоначалник, но и како организационен одбор, оваа година да се собереме по втор пат и втора година по ред да го организираме Охридскиот пливачки маратон. Она што минатата година го поставивме и го испочитувавме како услови за пливачите, награден фонт, сместување, превоз и слично, придонесе за зголемување на квалитетот и бројот на пливачите кои што ќе пливаат на овогодинешното издание.
Како новитет оваа година на Охридскиот маратон е и воведувањето на два летечки спринта. За најдобрите на овие мерни точки е предвидена дополнитеплна награда од по 500 евра.
Прогласувањето на победниците е во 20:00 часот во дворот на хотел Палас, каде е предвидена и културно – уметничка програма со настап на КУД „Отекс“ кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години постоење и настап на Ансамбл „Билјана“. Програмата ќе биде збогатена и со штандови на „Слоу фуд“ каде посетителите ќе може да уживаат во вкусот на македонскта традиционална храна, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.