АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) На пригодна свеченост доделени дипломите на матурантите од ОЕМУЦ ‘Св. Наум Охридски” – Охрид

На ден 23.8.2023 г. на спортскиот терен од ОЕМУЦ „Св. Наум Охриски“ “ во Охрид беше одржана прослава во чест на матурантите од генерацијата 2022-2023 година.
На овој настан се обрати директорот на нашето училиште, г. Сашо Недески.
Директорот на училиштето им додели пофалници на следниве матуранти:
Петар Цаноски – првенец на генерацијата 2022/2023 година и пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Дамјан Цветкоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Петар Гогов – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Петар Каланоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Никола Гогов – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Јана Пауноска – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение.
Свој поздравен говор имаше и првенецот на генерацијата Петaр Цаноски
Настанот беше збогатен со музички точки кои ги изведоа нашите ученици Јана Протуѓер и Мухамед Асан, кои беа под раководство на професорите Жармена Китрозоска и Славчо Китаноски.
За целиот настан беа ангажирани и учениците Бобан Кочески и Ана Новеска кои ја водеа целата програма.