Охрид

Пензионерското КУД „Далги“ од Охрид прикажа најоригинален фолклор на престижниот фестивал „Пображење“ во Вевчани

На 17 август КУД „Далги“ при ЗП Охрид и дебарца учествуваше на фестивалот за народна култура „Пображење“ во одличната организација на КУД „Дримкол“ од Вевчани.

На фестивалот имаше учесници од повеќе земји на Европа и од Македонија , кои негуваат традиционална и изворна песна и игра. КУД „Далги“ ги презентира на најизвонреден можен начин песните и ората од поблиската околина на Охрид- коселскиот регион.

Сите членови облечени во  оригинални народни носии и во музичка придружба на гајда и тапан.

Многубројната публика со големо задоволство и интерес ја следеше програмата и со бурни аплаузи во повеќе наврати за време на изведувањето на програмата ги поздравуваше.

 

Здружение на пензионери  Охрид и Дебарца