АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ бара органите на прогонот: МВР, ОЈО ОСНОВЕН СУД ОХРИД АНТИКОРУПЦИСКА да влезат во НП ,,Галичица” и да го расчистат долгогодишниот криминал

Изминативе неколку месеци како ВМРО-ДПМНЕ ОК ОХРИД ја известувавме јавноста за организиран криминал и злоупотреба на службена позиција на поедини вработени во Јавната Установа Национален Парк ,,Галичица”, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Доказ за овие наши тврдења е поднесената кривична пријава уште една во низа од страна на МВР-СВР Охрид на ден 17.8.2023 против вработениот во установата како шумочувар од с. Љубаништа за злоупотреба на службената позиција, уништување на шуми, уништување и фалсификување документи, наплаќање во готово за присвојување на парични средства.
Бараме веднаш ОЈО Охрид и Основен Суд Охрид да го процесуираат случајот.
Прашуваме, но и бараме од органите на прогонот да испитаат како претходниот Директор и Управниот Одбор заради кои причини и мотиви не презеле никакви дисциплински мерки и не го суспендирале горенаведеното лице кое било под истрага и со кривични пријави, напротив истите како награда му го запослиле синот, иако немал потполни документи согласно огласот, притоа ги прекршиле прописите и ги одбиле компетентните кандидати, и овозможиле сега и таткото и синот во тандем да го пустошат прекрасниот бисер на Охрид, нашата Галичица.

Ова лице веќе подолги години е под заштита на големи моќници поради шверц, криволов, дрвокрадство и други криминогени дејствија.

СДСМ е главен поддржувач на криминалот и корупцијата, важен им е личниот интерес место интересот на граѓаните. Следува огромна казна и пораз на изборите како одговор за сите злодела кон охриѓани.

Бараме органите на прогонот: МВР, ОЈО ОСНОВЕН СУД ОХРИД АНТИКОРУПЦИСКА да влезат во Установата и да го расчистат долгогодишниот криминал и да се осудат прекршителите.

извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Охрид